Ова е чајот што треба да го консумирате доколку метаболизмот ви е ослабен
Сезонските промени и големите флуктуации на температурата на воздухот секогаш со себе носат пад на имунитетот.
Иако сме далеку од почетокот на есента, не е рано сериозно да се погрижиме за нашето здравје.
Лековите од природата се секогаш добредојдени, а еден од сојузниците на доброто здравје е ѓумбирот.
Овој моќен антиоксиданс ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото.
Ѓумбирот има бројни здравствени придобивки: го подобрува варењето, ја намалува надуеноста и воспалителните процеси во организмот, ги отстранува токсините од белите дробови, поради што особено им се препорачува на (поранешните) пушачи и е вистински „засилувач“ на имунитетот.
Ѓумбирот може да се користи како зачин, но најчесто од него се прави чај.
Ако вечерта пред спиење конзумирате чај направен од овие три состојки, ќе ви помогне да го исчистите телото од токсините.
Во литар врела вода додадете го ѓумбирот исечкан на парчиња (парче од околу 5 см) и варете 5 минути, а потоа додадете 1/2 лажичка куркума во прав и варете уште неколку минути.
Оставете да отстои, процедете, зачинете со сок од еден лимон и мед по желба и пијте во текот на денот.
Сепак, мора да бидете внимателни со консумирањето ѓумбир.
Активните соединенија кои обезбедуваат здравствени придобивки може да предизвикаат иритација на устата и грлото кога се зема премногу ѓумбир.
За што е добар чајот од ѓумбир?
ја подобрува циркулацијата,
го ублажува гадењето,
ја смирува кашлицата,
ги намалува воспалителните процеси во телото.