Најдобрата НОЌНА МАСКА: После неа, вашето лице ќе блесне и ќе биде ОДМОРЕНО наутро

popara28 август, 20221min00
676 (1)

Многу жени се согласија дека оваа маска вреди злато

Овие типови маски се супер моќни формули кои се збогатени со состојки кои длабински ќе ја исчистат, хидрираат и ревитализираат вашата кожа, ќе ја вратат нејзината pH рамнотежа и ќе ги хранат и обноват клетките и ќе стимулираат поправка на ткивото. Однесувајте се кон вашата кожа вака и ќе и направите голема услуга.

Ноќната маска за лице е технолошки најнапредна меѓу маските, такаречено, вистинска гозба за кожата на лицето, еликсир кој преку ноќ ќе внесе повеќе живот, боја и светлина во вашиот портрет. Обидете се и ставете една ваква маска преку ноќ и збогатете ја кожата на вашето лице! Ќе се изненадите како лицето преку ноќ ќе се обнови и ќе му се врати енергијата, сјајот и блескавоста.

Потрагата по добра ноќна маска за лице е исто како да го барате златното руно, па ние ќе ви помогнеме да дознаете повеќе за нив и да го пронајдете вистинското решение за вас.

Куркумата е познат индиски зачин и еден од најважните лекови на ајурведската медицина. Богат е со витамини и минерали и е еден од најдобрите извори на фосфор, кој е неопходен за раст на клетките и поправка на ткивата.

Ловорот има антисептично и антиинфламаторно дејство, богат е со витамини и е природен антиоксиданс. Потребен е за одржување на клеточните мембрани и синтеза на ДНК синџири и го стимулира метаболизмот на кожата.

Оваа маска е едноставна и брза за правење, многу здрава и корисна за кожата и дава одлични долгорочни резултати.

Упатство

Исечкајте два ловорови листови и покријте ги со еден децилитар вода. Варете ги листовите десет минути, а потоа држете ги уште десет минути во покриен сад и процедете го чајот. Додадете една лажичка куркума во прав во добиениот чај од ловор и промешајте за да се раствори што е можно повеќе. Добиениот раствор нанесете го на лицето со памук, на ист начин како што нанесувате тонер. Пред да заспиете, оставете го целосно да се исуши на вашето лице.

Оставете ја маската да делува цела ноќ, а наутро измијте го лицето со вода

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma