Кој најмногу изневерува, а кои жени се сметаат за најдобри во кревет? Дознајте подолу…
Ако ги игнорираме другите физички карактеристики, на кои мажите обрнуваат многу внимание, бојата на косата на жената понекогаш е од пресудна важност.
А тоа го потврдуваат и бројни истражувања.
Секој маж ја има својата омилена боја на коса, за некои русокосите се секси, додека други мислат дека бринетите се без конкуренција.
Статистиката вели: Во едно британско истражување во кое учествувале 2.500 мажи, припадниците на посилниот пол за убедливо најдобри љубовници ги избрале бринетите, кои добиле дури 58 отсто од гласовите, пишува „Еспресо“.
Нешто изненадувачки, русокосите добиле само 16 отсто од гласовите.
Потоа следат црнките со 12, односно црвенокосите со 9 отсто гласови.
Тоа не е се, 42 отсто од испитаниците сметаат дека бринетите се најподготвени да испробаат нови работи во кревет. Меѓутоа, приказната драстично се менува кога ќе дојдеме до прељубата. Имено, дури 54 отсто од анкетираните тврдат дека русокосите се најневерни, додека бринетите добиле само 26 отсто од гласовите. Црнокосите имаат 12, а црвенокосите 8 проценти од гласовите.
Колку е важна бојата на косата, покажува едно истражување во кое неверојатни 67 отсто од анкетираните деловни жени изјавиле дека би вработиле бринета! Податоците стануваат уште поинтересни: 31 отсто од природните русокоси поради работа ја смениле бојата на косата во кафена, а четвртина од нив добиле унапредување откако ја бојадисале косата!