Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, која со години е мета на критики во јавноста поради нејзината претерана слабост, пред некој ден се појави во издание кое ги остави без зборови и најголемите “хејтери“ на оваа раскошна убавица.
Џоли беше фотографирана како излегува од деловна зграда на Беверли Хилс во црно од глава до пети, но тоа не ги изненади корисниците на социјалните мрежи и модните познавачи. Една од најубавите жени на светот изнесе комплет каков што досега не сме виделе на неа.
Кроп топ и ултрамодерни широки панталони во комбинација со рамни сандали со платформа изгледаа совршено елегантно, што е стил карактеристичен за оваа ѕвезда.
Но, она што јавноста немаше можност да го види долго време, можеби никогаш (барем не во последните десет години), е стомакот на оскаровката.
Анџелина е позната по своите лежерни комбинации, минимални и најчесто во бели, беж и црни нијанси, а колку и да изгледаат „досадно“ и вообичаено, секоја едноставно зрачи со префинетост. За разлика од колешките и другите дами од шоу-бизнисот, актерката ретко го покажува стомакот, не носи мини здолништа (освен фустани со високи шлицови на црвениот тепих) и токму затоа ова нејзино издание предизвика неверување на мрежите.
Погледнете колку убаво изгледа…
Од аксесоари носеше со темни црни очила за сонце, блескав златен ѓердан со еден дијамант и златни обетки. За природниот изглед придонесе пуштената права коса и лицето без шминка.