Вака правилно се спремаат теглите за зимница: Една важна работа скоро сите ја забораваат

popara29 август, 20221min00
shutterstock252784939-830x0

Домаќинките веќе на големо подготвуваат се што е потребно за зимата, а некои полици веќе се украсени со тегли со сок од домати, џем и мармалад. Иако, ќе се согласите, полесно е да се оди до продавница и да се купи готов производ, жените од нашите простори сепак остануваат верни на традицијата и вкусот кој ништо не може да го замени.

Најважно кога станува збор за зимското складирање е правилната подготовка на шишињата и теглите. Овој чекор не смеете да го прескокнете, бидејќи доколку шишињата или теглите не се 100 проценти чисти, целиот труд може да ви пропадне.

Дека советите на нашите баби се вредни како злато, докажуваат и овие кои ќе ви помогнат на најдобар и најбрз начин да ги подготвите теглите и шишињата за зимата.

Првото нешто што треба да направите е добро да ги измиете стаклените тегли и шишиња со детергентот за садови што вообичаено го користите. Кога ќе се исцедат, нежно избришете ги со чиста памучна крпа.

Задолжителен чекор е стерилизацијата на стаклената амбалажа во која ќе ја ставите зимницата. Загрејте ја рерната на 100 степени, наредете ги теглите во плех така што отворот им е свртен надолу и ставете ги да се загреат 15-20 минути.

Внимателно извадете ги од рерна и слободно додадете џем, ајвар, зеленчук… додека теглите се уште се топли.

Сепак, она на што многумина забораваат се капачињата и капаците кои исто така треба да бидат совршено чисти, а наш совет е да ги варите во големо тенџере.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma