Пејачката Бритни Спирс (40) е позната по неочекуваните и разголени фотографии кои ги објавува на својот Инстаграм профил, но нејзиниот профил на оваа мрежа повеќе не постои.
Никој не знае што всушност се случило со Инстаграм профилот на познатата пејачка, а нејзините следбеници сметале дека причината за отстранувањето на профилот е нејзиното постојано објавување провокативни слики, кои Инстаграм ги „казнува“ со отстранување затоа што ги прекршуваат деловните политики.
Сепак, има и такви кои веруваат дека, со оглед на тоа што Бритни се уште е активна на Твитер и споделува мисли за среќата со своите следбеници, таа самата го избришала својот Инстаграм профил.
– Учам дека секој ден е нов лист и се трудам да бидам подобра личност и да го правам она што ме прави среќна. Да, денес ја избирам среќата. Секојдневно си велам дека треба да се откажам од болката и горчината што ги носам и се обидувам да си простам себеси и на другите за работите кои повредиле некого – напишала пејачката на Твитер само неколку часа откако исчезна од Инстаграм.
– Сакам да бидам бестрашна како кога бев помлада и да не бидам толку исплашена. Се молам да има вистина во Светиот Дух и се надевам дека тој дух е и со моите деца! Да, денес избирам среќа и радост – додаде таа.
Ова не е прв пат пејачката да исчезне од Инстаграм. Неколку пати паузираше од таа мрежа, а обично се враќаше по неколку дена, па многумина се надеваат дека така ќе биде и сега.
– Многуте лоши моменти кои Бритни ги има овие денови се само дел од прилагодувањето на ова ново поглавје во нејзиниот живот. Повеќе од 13 години не беше слободна жена. Сега само небото е граница – изјави неодамна извор за Page Six.