Што да направите кога мажот е лош љубовник?
Тој е паметен, галантен, дарежлив, има неверојатна смисла за хумор… Се чини дека сте го запознале човекот од вашите соништа, но додека не влезете во спалната соба. Ова е местото каде што вашите соништа се уриваат како кула од карти. Вашиот „Господин Совршен“ е многу лош љубовник… Што да направите во тој случај? Се разбира, раскинувањето е секогаш опција, но што ако многу ви се допаѓа и сепак сакате да останете заедно?
Еве што советуваат сексолозите…
- Дајте си себе и нему малку време
Првиот секс со нов партнер ретко е таков каков што се прикажува во филмовите. Совршен спој, огномет и целосна сатисфакција – ова е сликата што ја гледаме во романтичните комедии. Но, во реалноста, потребно е време да се истражат меѓусебните желби, навики и да се запознаеме со телото. Не брзајте да го оставите по првото лошо искуство, можеби за еден месец ќе ги открие вашите точки на задоволство и целосно ќе ве изненади.
- Не се преправајте
Ако слушнете како некој маж се фали дека сите негови жени редовно доживувале оргазам, ќе знаете дека малку „лаже“ и дека неговите партнерки глумеле задоволство. Никогаш не треба да го правите ова! Како може човек да сфати дека прави нешто погрешно ако никој не му го насочил вниманието кон тоа? Навистина, зборувањето за секс е секогаш „незгодно“, но ако сакате да и дадете шанса на личноста која ви се допаѓа и со која односот е лош, треба да се обидете!
- Доверба
Филмската индустрија за возрасни со генерации влева некои погрешни идеи за интимност кај мажите. Повеќе од половина припадници на посилниот пол се убедени дека предиграта е излишна, а речиси сите сакаат груб секс. Зборувајте со него. Кажете му што сакате во сексот, покажете ги вашите ерогени зони. Доколку е заинтересиран за вас, тој дефинитивно внимателно ќе слуша што му кажувате и ќе се обиде да го спроведе во пракса. Исто така, прашајте го што сака. Можно е и вие да ги имате истите фантазии, само се плашите да ги предложите.
- Доминирајте
Не, ова не значи дека треба да облечете кожен комбинезон и да мавтате со камшикот во спалната соба, туку да ја преземете контролата, да покажете каков ритам сакате и да се погрижите да ви пружи оргазам.