Иако е лоша навика, гризењето на усната во повеќето случаи е безопасно.
Оваа често несвесна акција, сепак, може да биде и сигнал дека има одредени здравствени проблеми.
Доколку забележите дека ги гризете усните почесто од вообичаено, добро е да проверите дали зад оваа навика се крие здравствен проблем.
Експертите посочија дека постојат четири болести кои можат да се поврзат со гризењето на усните.
Артритис
Грицкањето на усните може да се појави поради нарушувања на виличниот (темпоромандибуларен) зглоб. Едно од овие нарушувања е артритисот на вилицата. Во овој дел од лицето може да има промени во обликот, воспаление, проблеми со нормалното отворање и затворање.
Доколку, покрај гризењето на усните, при движењето на вилицата забележите тапа болка, чувствувате нејзино ограничување, како и главоболка или забоболка, голема е веројатноста да имате и артритис на вилицата.
Шкрипење заби
Бруксизмот, или чкртањето на забите, исто така може да придонесе за деформација на вилицата, што доведува до ненамерно гризење на усните. Луѓето кои страдаат од бруксизам често несвесно ја стегаат вилицата ноќе или за време на спиењето, често поради возбуда или кога се под стрес. Друг симптом на оваа болест е главоболка.
Малоклузија
Оваа болест се нарекува и неусогласена вилица. Лекарите објаснуваат дека ако вилицата не е правилно „наместена“, личноста често ќе ја гризе усната. Ова се случува, на пример, кога горната и долната вилица не се со иста големина или има вишок заби, или тие недостасуваат или се со неправилна форма.
Анксиозност или депресија
Луѓето кои често ги гризат усните често страдаат од анксиозност или депресија.