Темните бои ги сакаат интроверите: Што вели облеката што ја носите за вашиот карактер?

popara30 август, 20221min00
zena-odeca

Експертите веруваат дека облеката што ја носите секојдневно може да каже многу за вашата личност.

Дали во вашата гардероба преовладуваат веселите бои и имате многу различни облеки зависи од вашиот вкус и преференции.

Познатата модна блогерка Трејси Динунцио откри што може да каже анализата на плакарот за една жена.

1. Плакарот е полн со брендирана облека

Ако секое парче облека има лого, таквата жена можеби се обидува да го скрие својот вистински идентитет. Жените кои купуваат само брендови често сакаат да скријат нешто, нешто што не сакаат светот да го види и знае, смета Трејси.

2. Плакарот е полн со облека што не ја носите

Тоа се веројатно луѓе на кои им е тешко да го остават своето минато зад себе. Таквите личности често се многу лути и полни со страв, а спаѓаат и во анксиозните типови на жени.

3. Плакарот е полн со неносени алишта со ознаки

Трејси објаснува дека жените кои оставаат парче облека без да ја отстранат ознаката имаат визија за иднината, но не ја реализираат, обично затоа што се плашат. Тие не се врзани за минатото, но наместо да започнат и да прават нешто конструктивно, претпочитаат да купуваат облека за друг живот и да не ја носат, објаснува Трејси.

4. Во плакарот воопшто нема весели бои

Кај жените во чии плакари доминира белата и црната облека, постои желба да исчезнат и со тоа да не бидат забележани. Можеби таа личност нема самодоверба или е интровертна или се плаши од социјални настани и запознавање нови луѓе, вели Трејси.

5. Само панталони во плакарот

Жените кои носат само панталони и одбиваат да носат здолништа и фустани обично се интересни луѓе, но поради социјалниот контекст чувствуваат дека мора да ја потиснат својата сексуалност за да се вклопат во околината и деловниот свет.

6. Плакарот е полн со идентична облека

Ако жените носат црни панталони и бели кошули и имаат голем број иста облека во плакарот, тие се плашат од промени во односите и работата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma