Појавувањето на Џони Деп на МТВ музичките видео награди во 2022 година ја подели публиката. Додека некои тврдат дека неговиот потег е одличен, други не се согласуваат.
– Да се има Џони Деп како „Moon man“ на MTV и каков добар избор – гласи еден твит, додека друг не го одобрува враќањето на актерот.
– Навистина одвратно е појавувањето на Џони Деп на доделувањето на МТВ наградите во мала улога – напишал друг корисник на Твитер.
Некои корисници на Твитер го одобрија краткото појавување на Деп на наградите, пофалувајќи го и MTV.
Johnny Depp said if there’s going to be a joke, I’m going to make it and I love that for him 🤣👏🏼 (via his and MTV’s insta) #JohnnyDeppRisesVMAs #MoonManDepp #VMAs pic.twitter.com/LXvxPc47MX
— 🌟🏴☠️ (@GellertDepp) August 29, 2022
– Да се слушне дека Џони Деп вели дека му треба работа е прилично смешно, но мора да бидете добро упатени во драмата на Деп за да знаете за што се работи. Покрај тоа, секоја чест за тимот на MTV Video Music Awards што му дадоа шанса на наклеветениот човек да се врати во центарот на вниманието – гласи еден твит.
За само неколку секунди, 59-годишниот Џони Деп им се обрати на присутните преку холограм, облечен како „Moon man“, заштитен знак на споменатата церемонија на наградата која им се доделува на победниците.