Чевлите на Кејт Мидлтон се секогаш скромни и незабележителни, најчесто ја гледаме во класични салони со потпетици, но и во помалку свечени чевли кои наводно се сметаат за несоодветни за член на кралското семејство, пренесува „Експрес“.
Кога станува збор за кралската мода, се смета дека постојат неколку неофицијални протоколи до кои се придржуваат членовите на кралското семејство.
Правилата подразбираат постојано носење на хулахопки и здолништа со одредена должина, а кога се чевлите во прашање, најсоодветни се оние со умерена потпетица со затворени прсти.
Сепак, Кејт, најстилскиот член на семејството, носи неколку пара чевли кои не се вклопуваат баш со кралскиот протокол.
Еве за кои чевли станува збор:
Обувки со отворени прсти
За време на кралската турнеја на Карибите, Кејт носеше сандали со отворени прсти. Иако тоа го практикувале и други членови на кралското семејство, затворените чевли се сметаат за посоодветни за кралски ангажман.
Експертот за бонтон Вилијам Хансон изјави за списанието „Харперс“ дека отворените чевли се сметаат за неформални обувки за свечени прилики.
Еспадрили
Омилените летни обувки на Кејт Мидлтон наводно не и се омилени ниту на кралицата Елизабета. Војвотката од Кембриџ никогаш не ги носи во друштво на кралицата, бидејќи наводно меѓу жените во кралското семејство е добро познато дека кралицата не е љубител на еспадрили на платформа.
Патики
Иако патиките не го прекршуваат кралскиот протокол, честото нивно носење од страна на Кејт е нешто што кралицата никогаш не го пофалила.
Кога е на полежерни ангажмани или спортски настан, Кејт сака да носи едноставни бели патики кои одат со многу модни стилови.
А што се однесува до стилот на кралицата…
Ако го погледнете стилот на Елизабета, ќе сфатите дека таа ретко е облечена лежерно, а мокасините со потпетици и се омилени обувки.