Нејзините видеа од забавите и понатаму се главна тема: Финската премиерка доби јасна порака од Хилари Клинтон

popara30 август, 20221min00
344020_sanamarinprofimedia0704547358_ff

Сана Марин е младата премиерка на Финска, позната по својот посебен вкус за музика и младешко облекување. Многумина сметаат дека таа не се однесува согласно високата државна функција што ја извршува.

Премиерката неодамна го привлече вниманието на себе со светкав фустан и борбени чизми, а посети и фестивал кој многумина го осудија, иако ова не е прв пат Сана да посетува вакви музички настани.

Последна во низата вести што ја сподели јавноста беа видеата од забавите на младиот политичар, па дури и опозицијата бараше Сана да направи тест за дрога, но тестот беше негативен.

Да потсетиме дека бројни познати жени, особено во Финска, ја поддржаа премиерката во нејзиниот начин на живот и трошење на слободното време и и дадоа до знаење дека се на нејзина страна. Една од последните пораки кои се ветер во грбот на младиот премиер е секако објавата на Хилари Клинтон на Твитер.

Клинтон објави фотографија на која екстатично танцува додека е во официјална посета и ѝ порача на Сана „само да продолжи да танцуваш“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma