Можеби на крајот на летото ќе посакате да се освежите со овој вкусен мус од малини и бело чоколадо и сигурно нема да погрешите…
Состојки:
- две чаши малини, свежи или замрзнати
- половина чаша шеќер
- една лажичка пченкарен скроб
- една лажица вода
- кесичка пудинг од бело чоколадо
- 500 мл млеко
- чаша слатка павлака
Подготовка:
Одмрзнете ги малините, ставете ги во мало тенџере, посипете ги со шеќер и варете ги на умерен оган, мешајќи десет минути, додека смесата не зоврие. Скробот измешајте го со вода, додадете го во тавата со малините, па мешајте уште 10 минути, за да се згусне смесата. Тргнете од оган и изладете. Изматете ја слатката павлака во шлагот. Сварете го пудингот со млеко според упатството на пакувањето, изладете го и измешајте со шлагот. Наизменично смесата од малини и смесата за пудинг сипете ги во соодветни чаши или чинии, изладете ги во фрижидер и послужете.