Џенифер Лопез не соработува со луѓе во овој хороскопски знак – само им се заблагодарува на соработката!

popara31 август, 20221min00
jlo11-830x0

Знаеме дека поп ѕвездата Џенифер Лопез има некои свои „чудни страни“, па сега е откриено дека не сака да соработува со луѓе од овој хороскопски знак.

Актерката и пејачка Хедер Морис, добро позната на фановите на серијата „Glee“, со години работела како професионален танчер, а од своите колешки слушнала многу необична приказна за тоа како е да се оди на аудиција за Џенифер Лопез.

Како што рече, ова искуство не е бајка бидејќи Џеј Ло има многу необични правила за тоа кој може да соработува со неа.

Имено, Хедер откри дека Џенифер влегла во собата по дневните аудиции и им рекла на собраните танчери кои се натпреварувале да бидат во нејзиниот тим:

– Ви благодарам луѓе, работевте толку напорно. Дали има Девица во собата? Можете ли да кренете рака?

Откако одговориле сите родени во знакот Девица, Лопез наводно нешто ѝ шепнала на својата асистентка, а потоа на Девиците им рекла:

– Ви благодарам многу што дојдовте!

Потоа, тврди Хедер, додала дека сите родени во овој знак морале да си заминат без објаснување, откако ја поминале целата аудиција.

Морис ова го кажа во подкастот „Just Sayin“, а на прашање на водителката дали оваа приказна е вистинита, низ смеа откри дека „така велат“ и посочи дека однесувањето на Џенифер не е коректно.

-Не ве плаќаат, таму сте од 10 до 18 часот. Не добивате пари и луѓето постојано ве осудуваат – вели таа.

Претставниците на Џеј Ло не одговорија на медиумските прашања за овие тврдења, и сè уште е нејасно зошто латино дивата не е обожавателка на Девиците, ако се што кажа Хедер Морис е точно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma