Кога ќе дојде есента, со неа доаѓаат и грди дождливи денови. Тогаш сè што сакаме е да најдеме чизми кои нема да пропуштаат вода. Ова е можно само со гумени чизми, бидејќи сите други видови материјали, природни и вештачки, протекуваат.
Модата за оваа зима ќе биде во знакот на светли бои и трендови од 90-тите. Што се однесува до обувките, според дизајнерите, ќе ви треба само еден модел – гумени чизми.
Одлично се комбинираат со фармерки, фустани, здолништа и тренерки. Гумените чизми се модел во кој вреди да се инвестира бидејќи секоја жена често ќе ги носи. Тие се многу практични, топли и удобни. Совршени се за оние денови кога врне дожд или снегот почнува да се топи.
Најдовме неколку предлози за стилизирање на овој модел на чевли. Погледнете како можете да ги носите: