Готвење тестенини во ладна вода и други трикови за штедење енергија

popara31 август, 20221min00
62364298

Домаќинство со три лица годишно троши околу 11 отсто од енергијата на готвење, а постојат неколку трикови за заштеда на енергија во кујната, пишува германската новинска агенција dpa.

За почеток, ако се користи капак, топлината не може да избега од тенџерето. Ова е три пати поефикасно од готвењето без капак, а храната исто така ќе се загрева побрзо.

Енергијата може да се заштеди и со избирање тенџере и тава чии радиуси одговараат на големината на колото. Радиусот на садовите може да биде дури и малку поголем.

Дополнително, парите и енергијата може да се заштедат доколку во тенџерето се истури само потребната количина на вода, бидејќи тоа го забрзува процесот на загревање и на тој начин ја намалува потрошувачката на вода и енергија.

Кампањата на германската влада нагласи како јајцата и зеленчукот може да се готват во само два сантиметри вода – со други зборови, без да бидат покриени со вода. На овој начин можете да заштедите 10 евра годишно.

Последниот совет е за љубителите на тестенини – ставете ги во тенџере додека водата е сеуште ладна. Така тестенините побрзо ќе бидат готови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma