На секој настан на кој ќе се појави, кралицата Елизабета Втора го привлекува вниманието кон себе со внимателно одбран аутфит и капа, а речиси секогаш е во светла и привлечна боја.
Познато е дека кралицата има различни навики и ритуали до кои строго се придржува, а има и многу специфична смисла за хумор, но љубовта кон светлите бои нема никаква врска ниту со тоа.
Имено, секоја комбинација што ја носи кралицата Елизабета има свој уникатен број што ја означува приликата во која е облечена. Многу е важно да не се меша, за да не се појави два пати по ред на настанот исто облечена. Но, тоа сè уште не го објаснува изборот на бои.
#QueenElizabeth or #Kermit ? Who's best? pic.twitter.com/AqnUE03uVa
— 📸 spiral architect 🇰🇵 (@spir_arch) June 13, 2016
На нејзиниот 90-ти роденден во 2016 година, таа носеше неонски зелен ансамбл, кој беше толку привлечен што брзо стана тема на шеги на Твитер и разни споредби.
Причината поради која кралицата Елизабета ги избира токму овие комбинации и се труди да биде впечатлива, всушност е многу трогателна. Поентата на впечатливите бои е да се направи кралицата да се истакне и да биде препознатлива во толпата, на тој начин секој од нејзините поданици ќе може да ја види без разлика колку е далеку од неа.
– Таа сака да се истакнува и да биде забележлива, за да може луѓето да кажат: „Ја видов кралицата“ – рекла во една прилика Софија, грофицата од Весекс.
Некои ова го опишуваат како егоцентричен потег, но како што пишува Историски забавник, зад се се крие една многу емотивна приказна.
Кога го презеде тронот, тогаш младата Елизабета се заколна дека ќе му служи на својот народ, а својата улога од самиот почеток ја сфати многу сериозно. Носејќи такви впечатливи комбинации, таа му кажува на секој жител дека е тука за него и дека може да ја види.
– Мора да ме видат за да веруваат во мене – рекла Елизабета Втора како девојче.