Ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат високиот крвен притисок: Никогаш не ги фрлајте лушпите од овие овошја и зеленчуци!

popara31 август, 20221min00
Voce-i-povrce

Во повеќето случаи, кората е полна со витамини и други корисни состојки

Кога лупиме овошје или зеленчук, вообичаена реакција е веднаш да ги фрлиме остатоците во корпа за отпадоци.

Меѓутоа, во повеќето случаи на тој начин правиме голема грешка.

Имено, експертите тврдат дека токму тие делови содржат многу елементи кои му се потребни на нашето тело.

Ова особено важи за лушпата од црвениот кромид, лубениците и портокалите.

Лушпата од кромид содржи кверцетин, растителен пигмент кој може да помогне да се намали високиот крвен притисок и да спречи да се затнат артериите.

Покрај тоа, лушпата на црвениот кромид има антиинфламаторно дејство.

Лушпата од овој зеленчук можете да ја додадете во супа или чорба за време на готвењето и да ја извадите пред да ја послужите.

Листовите брокула се фрлаат, иако се богати со витамини А и Ц. Всушност, целото растение брокула се јаде.

Листовите на целерот содржат до пет пати повеќе калциум и магнезиум од коренот што го консумираме.

Тие исто така содржат антиоксиданси и витамин Ц.

Кога станува збор за овошје, речиси секогаш ги фрламе корите од портокали и дињи, што исто така е грешка. Кората од портокал е полна со витамини, влакна, флавоноиди.

Кората од диња и лубеница содржи цитрулин, аминокиселина која може да ја подобри циркулацијата во телото.

Стеблото на растението речиси секогаш завршува во ѓубре, но овој дел од плодот содржи глутамин, фенолни соединенија и антиоксиданси.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma