Три месеци пред раскинувањето, вашиот партнер постојано повторува ЕДЕН збор! Ако го слушнете ова, време е за АЛАРМ

popara1 септември, 20221min00
Screenshot_8

Промените во комуникацијата може да бидат сигнал дека нешто не е во ред

 

 

Дури и кога се обидуваме да ги скриеме чувствата, тешко дека можеме да го направиме тоа во секојдневната комуникација.

 

Понекогаш нема ни да забележиме дека кажуваме некои зборови или реченици почесто отколку порано.

 

А токму тие промени во комуникацијата во некои случаи се јасен знак дека има големи проблеми во вашата врска.

 

Докторката Керолин Маден вели дека никој не одлучува да стави крај на врската ако не размислувал за тоа некое време, па затоа не се работи за момент туку за месеци подготовка…

 

Минатата година, тим од научници од Универзитетот во Тексас ги проучувал промените во говорот кои се случуваат пред крајот на врската. Според резултатите од студијата објавена во стручни списанија, зборовите кои често ги користи партнерот може да го предвидат крајот на врската до три месеци пред да се случи.

 

Тие анализирале повеќе од 6.800 објави на Reddit за раскинувања, а според студијата откриле дека партнерот кој сакал да ја прекине врската повеќе го користел зборот „јас“ пред раскинувањето. Колку е поблиску крајот на врската, толку почесто се користи овој збор.

 

– Ова е честа појава во време на стрес, а други студии покажуваат дека овој збор често го користат и луѓе кои се депресивни или анксиозни – се наведува во студијата.

 

Експертите наведуваат дека личноста која често кажува „јас“ или „мое“ јасно дава до знаење дека тој е во фокусот на настанот.

 

– Јазикот ќе стане токму таков пред, за време и по раскинувањето – објаснува психологот Лори Хасбенд и додава дека тоа се случува затоа што партнерот почнал да размислува за нова иднина без вас.

 

Можеби ќе бидете во искушение да побегнете или да игнорирате сѐ што ќе ви каже партнерот, но тоа е последното нешто што треба да го направите, особено ако сакате да ја зачувате врската, велат експертите.

 

Разговарајте со вашиот партнер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma