Подобар сон и поубава кожа: Пет причини зошто е ЗДРАВО да пиете по една чаша ЦРВЕНО вино секој ден

popara31 август, 20221min00
Screenshot_10

Најважно е да бидете умерени кога станува збор за конзумирањето алкохол

 

 

Истражувањата покажаа дека секојдневното консумирање на една чаша црвено вино има големи здравствени придобивки.

 

Имено, црвеното вино содржи ресвератрол, моќен полифенол кој припаѓа на најчестите оксиданти кој му помага на телото да се ослободи од токсините и слободните радикали.

 

Слободните радикали се одговорни за разградувањето на колагенот и слабеењето на еластичноста на кожата, па јасно е колку е важна нивната улога.

 

Освен што ги намалува и ослободува слободните радикали, црвеното вино е ефикасно и за детоксикација на кожата која е уморна и има потреба од дополнителна нега. Состојките во виното помагаат и во забавување на процесот на стареење.

 

Според студијата на Израелскиот институт за технологија, црвеното вино е добро за срцето. Како што е наведено, умереното консумирање црвено вино за еден месец ја подобрува функцијата на крвта и крвните садови.

 

Виното ги осветлува темните дамки на кожата

 

Како што старееме, темните дамки, често предизвикани од оштетување од сонцето, стануваат подлабоки и потешки за лекување. Сепак, не е сè изгубено бидејќи полифенолите, моќните антиоксиданси кои се наоѓаат во ова вино, можат да бидат ефикасни во лекување и спречување на промена на бојата на кожата.

 

Покрај тоа, како што е наведено, виното ја спречува дебелината, ја поттикнува долговечноста според француските научници и го намалува стресот – но само една чаша дневно.

 

Се наведува дека 2 до 7 чаши вино неделно ја намалуваат депресијата, но и дека вишокот може да ја предизвика истата, па затоа е најважно да бидете умерени. Освен тоа, истражувањето потврдило дека луѓето кои пијат црвено вино спиеле подобро од оние кои ја немаат оваа навика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma