Секоја жена мора да го знае рецептот за оваа маска
Состојките кои сигурно ги имате во вашата кујна често се многу помоќни за нега на лицето од скапите креми и серуми. Со нив можете да направите одлични маски за нега на лицето кои ќе му го вратат сјајниот изглед.
Домашните маски се секогаш подобра опција од купените, бидејќи точно знаете кои состојки сте ги користеле и сигурно ќе заштедите многу пари.
Денеска ви носиме рецепт за феноменална маска која многу брзо ќе го изедначи вашиот тен и ќе ја намали видливоста на старечките дамки. Дополнително, има антибактериско дејство, па ќе го заштити лицето од штетните влијанија на околината и ќе му помогне подолго да остане младолико и без брчки.
За подготовка ќе ви требаат следниве состојки:
1 лажица куркума
3 лажички розова вода
Само добро измешајте ги овие 2 состојки и маската е подготвена за употреба. Може да се применува неколку пати неделно.