Солта е секако еден од најчесто користените зачини во кујната.
Всушност, тоа е корисна и повеќенаменска храна која освен за исхрана се користи и за чистење, а нашла примена и во негата за убавина.
Познато е дека консумирањето премногу сол не е особено добро и корисно, но кога станува збор за надворешна употреба, солта е повеќе од корисна.
Еве како можете да го користите.
Пилинг
Солта е идеална алатка за пилинг на кожата на лицето и телото. По туширањето, додека вашата кожа е сеуште влажна, можете да истурите сол во раката и да го истриете лицето или телото. На овој начин ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата, а најдобро за ова е морската сол.
Смирете го чешањето на кожата
Додадете една чаша сол во топла купка и само опуштете се во неа. Солта ефикасно ќе го ублажи иритирачкото чешање.
Чистење и тонирање
Тониците се многу корисни козметички препарати, а таквите можете да ги направите и дома. Само измешајте малку морска сол и маслиново масло во мала чинија. По една лажица од двата производи ќе ви биде доволна.
Оваа смеса масирајте ја на лицето и подоцна измијте ја со вода. Внимавајте да не ви влезе во очи.