Хајди Клум неодамна била фотографирана како заминува на снимање на шоуто „America’s Got Talent“.
Германската манекенка го истакнала своето деколте во бел фустан со впечатливи ракави и слоевит долен дел.
Русокосата ја искомбинирала ваквата креација со сандали на висока потпетица, исто така во бела боја и се одлучила за голема бела чанта. Целата комбинација ја заокружила со очила за сонце со бели рамки.
Ваквиот модел на фустан освои многу срца оваа сезона, а истиот го набавија бројни познати дами поради тоа што зрачи со елеганција, го истакнува деколтето и струкот, а надолу се шири со што се прикрива стомакот.
Поранешниот ангел на Викторија Сикрет изгледа одлично во својата 5-та деценија од животот и точно знае како да го изнесе секое модно парче кое ќе го облече.