
Истражувањата покажаа дека зачинетата храна всушност може да придонесе за вашето здравје
Според Клиниката во Кливленд, се покажало дека зачинетата храна им помага на луѓето кои се посветени на добро балансирана исхрана и вежбање да ослабат.
Зачинетата храна помага и за зајакнување на метаболизмот, велат експертите.
– Голем дел од истражувањето на тема зачинета храна е фокусирано на капсаицинот, соединението кое на чили пиперките им дава сила – пишуваат лекарите.
– Некои од овие студии открија дека капсаицинот ја зголемува способноста на телото да ги разградува мастите и да согорува повеќе енергија.
Така, со почесто вклучување на зачинета храна во вашата исхрана, всушност би можеле да го забрзате метаболизмот и да го забавите апетитот.
Кои се другите здравствени придобивки од зачинетата храна?
Исто така, докажано е дека зачинетата храна помага во подобрување на здравјето на срцето.
Тоа значи дека ако се обидувате да го намалите холестеролот, крвниот притисок или да избегнете дијабетес тип 2, можеби ќе имате среќа ако сте љубител на зачинета храна.
Според една студија на Универзитетот во Вермонт, потрошувачката на лути црвени чили пиперки е поврзана со 13 отсто намалување на непосредниот ризик од смрт. Една голема студија покажа дека консумирањето на лути црвени чили пиперки е поврзано со намалена смртност.
Многумина мислат дека зачинетата храна е лоша за желудникот, но дали е навистина така?
Всушност, се покажало дека зачинетата храна повеќе им помага на желудникот и гастроинтестиналниот тракт отколку што ги иритира.
Во умерени количини, зачинетата храна помага во зајакнувањето на вашиот микробиом (разновидноста на бактериите во цревата), кој е одговорен за вашиот имунолошки систем, енергија и безброј други аспекти на вашето здравје, според TheSun.