Клои Кардашијан на 5 август годинава роди син со помош на сурогат мајка.
Сега е откриено што се случува во нејзиниот дом, со оглед на тоа што таа воопшто не го покажува синот.
Како што пишуваат странските медиуми, таа ужива да биде мајка на две деца, а голема поддршка и помош и е четиригодишната ќерка Тру.
– Тру е многу возбудена што има брат и се труди да помогне во се што ѝ треба. Таа не сака да се оддалечи од него и постојано го бакнува и гушка – вели извор близок до Кардашијан и додава:
– Клои мисли дека е убаво што Тру се однесува како голема сестра и ѝ олесна што нема љубомора од нејзината ќерка кон нејзиниот брат, бидејќи е толку загрижена за тоа.
Изворот додал и дека на Тру ѝ било лесно да се снајде и да сфати дека бебето сега е во куќата со нив, бидејќи има многу роднини.
– Клои гледа поинаква страна на својата ќерка откако се роди бебето и е воодушевена од тоа. Тру разбира дека ова е нејзиниот брат и таа е многу мирна со него, секогаш се труди да му пријде на најдобар можен начин, за да не го повреди никако – заклучил изворот.