Краток бел фустан + сако: Алесандра Амброзио ја засени цела Венеција со едноставна МОНОХРОМАТСКА комбинација!

popara1 септември, 20221min00
344628_alesandra-ambrosio_ff

Алесандра Амброзсио мами воздишки каде и да се појави, а 79. Филмски фестивал во Венеција беше вистинската можност да покаже како едноставна облека може да изгледа апсолутно фантастично.

Таа пристигна на Лидо каде се собраа многу други познати личности. Еден од најпознатите бразилски фото-модели за оваа пригода избра ефективна бела комбинација, која предизвика вистински ентузијазам.

Краткиот бел фустан од тантела беше обложен со цветни детали во бело. Тенките прерамки ја правеа да изгледа префинето и елегантно, а она што сите го забележаа е дека фустанот ги истакна нејзините извајани долги нозе.

Alesandra Ambrosio

На вратот носеше дискретно ланче, а на раката нараквица од која зрачеше нежен дамски стил. Тркалезни обетки со циркони и го врамија лицето, а косата ѝ паѓаше во нежни бранови над градите.

Целиот изглед го заокружи со едноставна крем-бела чанта и бели сандали со високи потпетици, чипкани, кои се обвиткуваат околу нејзиниот глужд. Тие дополнително придонесоа нејзините нозе да изгледаат совршено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma