
Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола со месеци не престануваат да импресионираат со модните комбинации кои се појавуваат во сите медиуми следниот ден.
Нивниот стил може да се окарактеризира како совршена средина помеѓу ретрото и модерното, поради што се инспирација за многу модерни стајлинзи.
Така, нивното појавување во Њујорк, на таканаречената розова забава, на која сите гости мораа да облечат нешто во оваа боја, се покажа како полн погодок. Тие двајца, секако, го следеа „дрес кодот“ и со тоа предизвикаа огромно внимание.

Никола облече розов фустан, тесен во горниот дел, со благ распон по колковите, а се истакна со светкави потпетици во истата нијанса. Од модните додатоци имала само розова чанта, која е за неколку нијанси потемна од фустанот.
Бруклин носеше бела маица и розови панталони, во иста боја како фустанот на Никол. Она што беше невозможно да не се забележи се неговите патики со розови врвки кои одлично ја комплетираа комбинацијата.