Нов сој на мајмунски сипаници пронајден во Велика Британија

popara2 септември, 20221min00
monkeypox-majmunske-boginje-1-830x0

Засега не се знае дали лицето е машко или женско и колку години има

Нов сој на мајмунски сипаници е идентификуван во Велика Британија, објавија здравствените власти. Агенцијата за здравствена безбедност (УКХСА) соопшти дека едно лице кое неодамна било во Западна Африка се заразило со генетски различна варијанта на вирусот од онаа што ја предизвикала епидемијата во Велика Британија.

Засега се следат сите контакти со кои бил заболениот, за да се утврди дали има дополнителни инфекции. Засега не се знае дали лицето е машко или женско и колку години има.

Постојат два генетски различни соеви на вирусот на мајмунски сипаницо: централноафриканскиот сој, или како што сега се нарекува „Клејд I“ и западноафриканскиот сој, или „Клејд II“.

Сојот од басенот Конго предизвикува потешка форма на болеста и има стапка на смртност од 10,6 проценти и се смета за полесно пренослив, додека западноафриканскиот сој е поблага варијанта, со стапка на смртност од 3,6 проценти.

Во моментов е во тек понатамошна анализа за да се види дали овој изолиран случај е „Clade I“, подсој на „Clade II“ или сосема нова варијанта.

Д-р Софија Маки, директор за инциденти во УКХСА, вели:

– Работиме на тоа да контактираме со луѓето кои имале близок контакт со случајот пред да биде потврдена инфекцијата, да ги процениме како што е потребно и да дадеме совет. UKHSA и NHS имаат добро воспоставени процедури за контрола на инфекции за справување со случаи на увезени заразни болести и тие строго ќе се следат, а ризикот за пошироката јавност е многу низок. Ги потсетуваме сите оние кои планираат да патуваат во Западна и Централна Африка да внимаваат на симптомите на мајмунски сипаници и да се јават на лекар доколку развијат симптоми по враќањето.

Сега има најмалку 3.279 познати случаи на мајмунски сипаници во ОК, со само 79 идентификувани во последната недела – помалку од 126 претходната недела и 167 неделата пред тоа. УКХСА е уверена дека епидемијата опаѓа и покрај тоа што глобалниот биланс сега надминува 50.000, според Светската здравствена организација.

SIGA Technologies, фирма за здравствена безбедност чие истражување е финансирано од американската влада за да се спротивстави на заканата од биолошко оружје, разви антивирусно средство познато како тековиримат за борба против сипаници и сродни вируси, вклучително и мајмунските сипаници.

Тековиримат е одобрен за третман на сипаници во САД, каде што се продава како „TPOXX“.