Бурекот не може ниту да ѝ пријде: Старинска пита со месо која мами со секој залак

popara3 септември, 20221min00
344781_shutterstock-86168473_ff

Питата со месо направена од готови кори е одличен избор доколку сакате да подготвите вкусен, хранлив и заситен оброк за вашето семејство.

За да го подготвите не ви треба многу умешност, а резултатот е фантастичен. Ќе добиете вкусен оброк, кој нема многу маснотии, а кој долго време ќе ве држи сити вас и вашето семејство.

Еве што е потребно:

400 гр мелено мешано месо
2 главици кромид
масло
сол
1/2 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка бибер

За филот:

4 јајца
200 мл јогурт
200 мл кисела вода
50 мл масло
1/2 лажичка сол

Подготовка:

На малку масло продинстајте го кромидот, па додадете го меленото месо. Додадете зачини по желба, па сода бикарбона, па динстајте околу 20 минути.

Тавата за печење премачкајте ја со масло, ставете три кори, па околу три лажици фил. Повторете ја постапката по овој редослед додека не го потрошите целиот материјал.

Најодозгора одат корите, а откако ќе ја ставите последната, исечете ја питата на коцки. Измешајте ги сите состојки за преливот, па прелијте со питата, но така што преливот ќе влезе помеѓу секоја пресечена коцка.

Оставете ја питата десетина минути да стои, па ставете ја во рерна загреана на 200 степени и печете околу 45 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma