ДАЛИ ТРЕБА ДА ПИЕТЕ ПРЕМНОГУ ВОДА? Ако го забележите ова, треба да ја намалите количината

popara3 септември, 20221min00
Screenshot_11

Идеалната количина за секој човек е различна.

 

 

 

Знаеме колку е важна хидратацијата, особено за време на високите температури, кога е неопходно да се остане хидриран. Покрај регулирањето на телесната температура, пиењето доволно вода е од витално значење за детоксикација и треба да биде приоритет во текот на денот. Но, дали можеме да пиеме премногу вода?

 

Иако идеалната количина на вода варира за секој човек врз основа на географската локација, типот на телото и многу други работи, иако би било потребно многу за да се достигне точката на „преголема хидратација“, можно е да се пие премногу вода.

 

При прекумерна хидратација, вишокот вода ја разредува концентрацијата на електролитите во крвта, предизвикувајќи нерамнотежа во многу телесни системи“, изјави докторката Кетрин Волдроп за Mind Body Green.

 

Пиењето премногу вода дури може да доведе до електролитен дисбаланс наречен хипонатремија, што може да има некои прилично тешки несакани ефекти врз телото. Блага хипонатремија се карактеризира со гастроинтестинални симптоми, гадење, повраќање, губење на апетит…

 

За среќа, релативно е малку веројатно дека ќе бидете премногу хидрирани бидејќи тоа ќе бара од вас да пиете екстремни количини вода дневно. Меѓутоа, ако вашата урина е целосно чиста, тоа може да биде знак дека треба да го намалите внесот на вода.

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag