– Бустер дозите на вакцини што ги произведува Модерна чекаат одобрение од агенцијата за лекови во Европската Унија, Канада и Австралија
ЛОНДОН (АА) – Велика Британија денес ги одобри вакцините против оригиналната и омикрон-варијантата на коронавирусот, со што стана прва земја во светот која го направи тоа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Овие вакцини се бустер доза што ја произведува Модерна, позната како „Spikevax bivalent Original/Omicron“.
Бивалентните вакцини делуваат на две различни инфекции.
Ги одобри британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (MHRA).
„Мило ми е да објавам одобрение за Модерна бивалентната бустер вакцина, за која во клиничкото испитување е утврдено дека пружа силен имунолошки одговор против варијантата Омикрон BA.1, како и против изворната варијанта од 2020 година“, рече извршната директорка на Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), Џун Рејн.
Бустер дозите на вакцини што ги произведува Модерна чекаат одобрение од агенцијата за лекови во Европската Унија, Канада и Австралија.