Неодамнешно истражување откри дека сексот со предигра би морало да трае барем 25 до 30 минути.
Истражување објавено во Journal of Sex Research откри дека жените првин сакаат предигра која ќе трае 11 до 13 минути, а потоа и сексуален однос од 14 до 16 минути од моментот на пенетрација. Тоа би значело дека сексот со предигра би требало да трае барем 25 минути.
Со оглед на денешното брзо темпо на живеење, воопшто не е ни чудно што интимните моменти со партнерот се сведуваат на неколку кратки минути секс.
Но, за да бидат целосно задоволни и за да уживаат максимално во сексуалниот чин, на жените им е потребно малку повеќе време.
„Секогаш ги поттикнувам паровите што подолго да уживаат во предиграта пред самиот чин на пенетрација. Колку повеќе предигра, толку повеќе нивото на возбуда ќе биде побрзо и полесно ќе се постигне оргазам“, советува сексуалниот терапевт Жан Кернер.