Ви требаат само неколку работи и славините ќе светат.
Се што ви треба е шише со спреј, оцет и течност за миење садови.
Истурете една чаша оцет и една лажица течност за миење садови во шише со распрскувач. Загрејте ја смесата во микробранова печка една минута.
Загреаната смеса испрскајте ја на проблематичната површина и немојте да штедите, па оставете ја да „одмори“ 15 минути.
После тоа, повторно испрскајте ја течноста и потоа исплакнете со обична вода. Потоа повторно испрскајте, исплакнете и вашите славини и мијалници ќе бидат како нови!