ЕКСПЕРТИТЕ ОБЈАСНУВААТ Еве зошто ова е голема грешка кога е во прашање миењето на косата

popara5 септември, 20221min00
Screenshot_1

Дерматолозите ви откриваат неколку грешни постапки што ги правите додека ја миете косата, можеби за некои веќе знаете и ги избегнувате, но потсетете се на нив или пак откријте кои постапки ви е грешни и лоши за вашиот скалп и влакно.

 

 

 

Користите ист шампон во текот на целата година

 

Основен совет кој треба да го запаметите е дека никогаш не треба да ја миете косата многу често, а под често се подразбира и миењето преку еден ден. На секои три месеци потребно е да го промените шампонот кој го користите, пред се поради состојките што ги содржи. Исто така, еднаш месечно користете шампон за длабинско миење на косата. Ако премногу ви се масти, причината е честото миење или пак чепкање со рацете. Навикнете ја косата на поинаква рутина, а таа постепено ќе се прилагоди кон новите постапки.

 

Не ја мокрите доволно пред да ја шампонирате

 

Без доволно вода, шампонот не може лесно да ви ја измие косата. Затоа барем неколку минути подолго оставете косата добро да се намокри, а потоа нанесете шампон.

 

Секогаш нанесувате шампон на исто место од главата

 

Сте забележале дека на темето од главата вашата коса повеќе опаѓа. Обидете се да ја смените постапката и шампонот нанесувајте го од вратот кон врвот на главата односно кон челото.

 

Прејако масирате

 

За да го избегнете оштетувањето на косата, масирајте ја главата нежно и со врвовите на прстите, а не со целата дланка.

 

Го плакнете шампонот со жешка вода

 

Плакнењето со многу топла вода ја суши косата и кожата на главата. Користете млака вода, која ќе ви помогне да ја зачувате бојата ако косата е фарбана, а пак уште еден трик е сјајноста е доколку ја плакнете косата со ладна вода од средината кон врвовите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma