Пицата со компири и панчета се смета за бела (бјанко) пица, бидејќи не вклучува сос од домати, а главниот вкус доаѓа, меѓу другото, од сирењето… Уживајте!
Состојки:
- 300 гр брашно
- кесичка сув квасец
- лажичка шеќер
- лажичка сол
- лажица маслиново масло
- 200 мл млака вода
За фил:
- два помали варени компири
- три четвртини чаша крем сирење
- лажица пармезан
- 50 гр панчета
- малку изрендана гауда
- две чешниња лук
- маслиново масло
- сол, бибер, мајчина душица
Подготовка:
Во млака вода растворете ги квасецот и шеќерот, оставете да стаса, па додадете ги во брашното измешано со малку сол. Додадете масло и замесете тесто. Оставете на топло место да нарасне и да се удвои во големина. Расукајте со сукало и префрлете го во плех. Измешајте го крем сирењето со пармезанот, мелениот лук и мајчина душица. Намачкајте го тестото, одозгора наредете ја панцетата и компирите исечкани на прстени, посипете со малку рендана гауда и печете во рерна на 250 степени десетина минути.
Пријатно!