Откако наводно се смирија, Бредли Купер и Ирина Шајк планираат да добијат уште едно дете

popara5 септември, 20221min00

Откако Ирина Шајк објави фотографија со Бредли Купер на Инстаграм, почнаа да се шират гласини дека поранешната двојка повторно е во врска.

Извор близок до познатиот модел и актер изјави за Page Six дека тие „размислуваат да се вратат заедно и сакаат уште деца“.

– Тоа беше вистински семеен одмор. И време е да се размислува за иднината. Ирина би сакала нејзината ќерка да има брат или сестра. И таа идеја му се допаѓа и на Бредли – рекол изворот.

Имено, Ирина и Бредли раскинаа во 2019 година. По раскинувањето изјавија дека направиле се за да се обидат да ја спасат нивната врска, а по раскинувањето на врската продолжија заедно да се грижат за својата сега петгодишна ќерка.

Потсетуваме дека Ирина и Бредли неодамна заедно се одмораа на Бахамите, каде ги хранеа малите прасиња.

Поранешниот пар на почетокот на годинава се дружеше на Мет Гала, а подоцна заедно позираа пред фотографите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma