Препознајте го НАЈКВАЛИТЕТНОТО МЕСО во маркетот: Експертите откриваат, мора да ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ на ОВА

popara5 септември, 20221min00
27129_shutterstock-1146712328_f

И Брајан Хикман, кој е месар од петта генерација во неговото семејство, забележува дека е важно да се внимава на прошараноста на месото.

Готвачот и сопственик на „SOKO Butchery“ во САД даде совет како да се избере најдоброто месо на пазарот.

„Внимавајте на прошараноста, односно како се распоредени маснотиите во месото. Конзистентноста и квалитетот на маснотиите распоредени низ месото ќе одредат колку парчето е добро“, вели тој.

Шарата е присуство на бели дамки од маснотии во мускулите на месото. Се разликува од ‘рскавицата, која е тврда и помалку посакувана маст што може да се најде во парчето.

„’Рскавицата можете да ја почувствувате ако поминете со рацете над спакуваното месо. Од друга страна, прошараното месо нема да биде тврдо“, рече тој.

Ако ги погледнете најдобрите стекови во светот, како што е стекот „Wagyu“, причината поради која е толку пожелен е квалитетот и конзистентноста на шарата во месото. Можете да видите прекрасни дамки од бели масти измешани со мускулите. ‘Рскавицата, пак, нема ни да се свари или да се испече и нема да придонесе за вкусот на месото, туку ќе останете со нејадлива и цврста грутка маснотија која е невозможно да се џвака.

Причината зошто „Wagyu“ е најдобриот стек на светот е и поради тоа како се одгледуваат кравите. „Сакате месо од крави кои биле третирани со грижа и внимание. Кравите мора да се движат, да вежбаат и да јадат добро. Кога купувате месо на пазар, тоа секогаш е коцкање, бидејќи многу трговски синџири не кажуваат јасно од каде го добиле месото. Ако внимавате што внесувате во вашето тело, сакате да знаете од каде доаѓа месото што го јадете“, рече тој.

И Брајан Хикман, кој е месар од петта генерација во неговото семејство, забележува дека е важно да се внимава на шарата на месото.

„Интересно е што доброто месо е генерално сосема спротивно од она што луѓето го замислуваат. Можам да извадам послужавник со месо и, освен ако некој не знае што гледа, најчесто луѓето ќе изберат парче што јас не би го избрал“, вели тој.

„Ако сакате многу добри маснотии во вашиот стек, немојте да одите по оние со ’рскавица. Стековите кои имаат ‘рскавица обично изгледаат најубаво, бидејќи се светло црвени со бел прстен од маснотии околу нив. Изгледаат многу примамливо, но ова е месо кое ќе мора многу да го џвакате. Со прошараното месо, мастите се топат и оставаат прекрасна арома во стекот“, изјави Хикман.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma