Одобрена нова вакцина против ковид: Ќе се користи со инхалација

popara5 септември, 20221min00
676

Иако се одобрени за итна употреба, вакцините ќе бидат достапни откако ќе се добијат дополнителни административни одобренија.

Кинеската компанија „CanSino Biologics“ денеска објави дека нејзината неодамна развиена вакцина против ковид е одобрена за итна употреба.

Според најавата, станува збор за верзија на „Кансин“ вакцината против аденовирус, а ќе се користи со инхалација, пренесе Ројтерс.

Вакцините ќе бидат достапни откако ќе се добијат дополнителни административни одобренија.

Во Кина во последните денови е зголемен бројот на заразени со корона вирусот, а дневно се регистрираат околу 2.000 нови случаи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma