Адријана Лима го роди своето трето дете, прво со момчето Андре Лемерс…
Адријана Лима (41) го донесе на свет своето трето бебе! Првото дете на супермоделот со момчето Андре Лемерс е синот Цијан Лима Лемерс, родено на 29-ти август во Санта Моника, Калифорнија, што манекенката го потврди со објава на Инстаграм.
– Цијан е боја помеѓу зелената и сината боја на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите, Бора Бора и Малдиви, омилени места на нашата семејна листа. Цијан е сега нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добре дојде во нашиот свет Цијан Лима Лемерс – порача Лима во денешната објава.
Извор близок до манекенката изјави за списанието „People“ дека „мама и бебето се дома и здрави“, додавајќи дека веќе може да се каже дека Цијан „ги има усните и очите на мама“.
Адријана има две ќерки Валентина (12) и Сијена (9), со кошаркарот Марко Јариќ.