Вака БОГАТИТЕ ЛУЃЕ штедат пари: Следете ги нивните СОВЕТИ и секогаш ќе имате ПАРИ

popara6 септември, 20221min00
1442_shutterstock-1677576121_f

Богатите луѓе никогаш не трошат пари на глупави работи

Според истражувањето на 1.200 инвеститори, објавено од „Millionaire Corner“, една третина од луѓето со нето вредност од повеќе од пет милиони долари во Америка купуваат во „Walmart“, додека останатите купуваат во слични продавници, а еве на што заштедуваат повеќето.

Крема за лице

Секако дека можете да потрошите еден тон пари на луксузна крема за лице, но зошто кога можете да добиете одличен производ за значително помалку?

Пакувања за подароци

Хартијата за виткање, ќесите за подароци и картичките може да чинат речиси исто колку и самиот подарок. Но, ако сакате да давате како богатите луѓе, можеби е време да се откажете од таквите опции.

Богатите луѓе не сакаат да трошат многу на потрошна роба, а украсната хартија и ќесите дефинитивно спаѓаат во таа категорија. Можеби вашиот богат пријател ќе ви купи прекрасен подарок, но верувајте дека пакувањето е од продавница во која се е многу евтино.

Домашни производи

Може да биде примамливо да се трошат пари најскапата тоалетна хартија и фенси производите за чистење, но богатите луѓе не трошат на такви работи.

Заштедете со купување на распродажба и на во големи количини (дури и на големо) бидејќи така купуваат богатите луѓе, а главната причина е тоа што се многу зафатени

Патувања

Иако богатите луѓе можат да си дозволат да патуваат каде сакаат, тоа не значи дека не бараат начини да заштедат пари. Тие ги користат истите онлајн алатки за да бараат сместување и летови исто како и сите други.

Накит

Дури и луѓето кои ги обожаваат Картие, Тифани и Ролекс најверојатно имаат евтини парчиња дома со кои ги комбинираат.

– Јас сум личен купувач и стилист на познати личности веќе 19 години и многу клиенти купуваат евтин накит. Го комбинираат со своите скапи парчиња, а понекогаш изгледа подобро од вистинскиот накит – вели Лорен Ре Леви.

Очила за сонце

Само затоа што можат да си дозволат очила за сонце Шанел или Диор, не значи дека богатите ги носат само нив.

Имено, очилата за сонце се една од работите кои најчесто се кршат и губат! Токму затоа е добра идеја колекцијата луксузни очила да ја надополните со убави, но и поевтини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag