Новите обетки на Balenciaga предизвикаа бурни коментари: „Тоа се врвки кои чинат 230 евра“

popara7 септември, 20221min00
balenciaga-1-830x0

Трендовите во светот на модата се менуваат секој ден со молскавична брзина. Она што вчера беше незамисливо, утре веќе ќе биде полн погодок.

Додека некои трендови ги исполнуваат позитивните реакции на луѓето, други не можат да најдат место во срцата на љубителите на модата.

Модната куќа Баленсијага повторно е на удар поради новите обетки од речиси 230 евра (228 долари), за кои збунетите клиенти рекоа дека се само „врвки и лепак“.

Овие обетки се направени од црно-бели врвки во форма на машна, а многумина мислат дека само ги извадиле врвките од патиките и ги направиле обетки.

Корисниците на социјалните мрежи го нарекоа дизајнот на обетката „глупав“ и ја обвинија француската модна куќа дека намерно спроведува социјален експеримент за да видат до каде луѓето се подготвени да платат за нешто што може да се најде за многу помалку пари.

– Дизајнерите седат таму и се смеат секогаш кога нешто ќе се продаде – напишал еден човек.

– Ова е проклета врвка од чевли која чини 230 евра – додаде друг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag