Познатата старлета Ким Кардашијан предизвика огромно внимание во јавноста со најновите фотографии
Ријалити ѕвездата стана русокоса, а сега ги обели веѓите и се откажа од препознатливата шминка, па единственото нешто по што многумина ја препознаваат е нејзиниот гол задник кој го исфрли од фармерките на насловната страница на септемвриското издание на списанието Interview.
Сите се прашуваат каде исчезна нејзината долга права црна коса, темниот тен, истакнатите црни веѓи и густите трепки. Имаше и голема количина на шминка, особено на очите, без која таа не станува ни од кревет, како и нагласени контури. Да го немаше препознатливиот задник на првата фотографија, можеби ќе поминеше како една од двојничките на Лејди Гага.
ФОТОГРАФИЈАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.
Ким позираше за септемвриското издание на магазинот Interview. Поточно, 8 години по нејзината иконска гола насловна страница во магазинот Paper, таа ќе се појави во магазинот Inreview со цел гол задник видно исфрлен од фармерките. Старлетата го претставува „Американскиот сон“ во септемвриското издание во облека со потпис на Ботега Венета, или она што и виси од облеката, откако е готово.