Меган Маркл во последните два дена се претстави во две беспрекорни модни изданија. Прво во црвена комбинација на Самитот на млади лидери во Манчестер, а потоа денеска во Дизелдорф.
Меган Маркл на традиционалниот спортски настан дојде со својот сопруг принцот Хари, кој веќе неколку години е покровител на оваа манифестација, дури и откако се откажа од животот во Англија.
Меган знае што е стил, знае што и стои убаво, а сега тоа уште еднаш го докажа. Војвотката од Сасекс се појави во боди во крем боја и панталони „Валентино“ со висок струк.
Кога станува збор за стилот, американската актерка и поранешен висок член на британскиот двор речиси и не греши. Со комбинацијата на облека што ја донесе денес, таа не потсети на старите добри времиња пред Мегзит, кога постојано носеше нежни алишта за кои се зборуваше со денови.
Следниве брендови стојат зад нејзиното бело-беж издание: „Anine Bing“ е зад блузата, која има крој што потсетува на горниот дел од фустанот што Меган го носеше на нејзиниот свадбен прием во 2018 година во Виндзор, а зад панталоните американскиот моден дизајнер Брендон Максвел.
Блузата припаѓа на последната колекција, додека цената на панталоните е позната и изнесува 1.020 фунти или околу 1.200 евра.
Меган Маркл денеска носеше и часовник од Картие кој и припаѓал на принцезата Дијана. Сето ова не е случајно бидејќи Лејди Ди беше погребана пред 25 години на денешен ден.