Кујнски трикови: Исчистете го скршеното јајце од подот за само неколку секунди

popara7 септември, 20221min00
kuvanje-kuhinja-priprema-hrane-recepti-830x0

Секогаш ни требаат корисни и брзи решенија за да го најдеме патот низ кујната

Никогаш не е на одмет да имате неколку корисни совети за ефикасно снаоѓање во кујната во моменти кога ни треба брзо решение. А, за волја на вистината, нередот што понекогаш го правиме од одредени намирници бара брза реакција на чистење, бидејќи во спротивно ќе остане „вечен спомен за нив“ во вид на дамка.

Ви претставуваме неколку решенија за најчестите ситуации во кујната.

Трик за скршено јајце

Во случај да ви испадне сирово јајце, што е она што најмногу ве нервира во моментот, бидејќи најчесто неиспровоцирано знае да падне и сочно да се скрши на плочките на подот во кујната, не грижете се.

Само додадете сол и наскоро белката ќе се впие. Остатоците лесно се чистат со влажна крпа.

Бакарните садови се секогаш поубави кога блескаат како нови

А тоа можете да го постигнете на едноставен начин: исполирајте го бакарот со кечап.

Намачкајте малку кечап на крпа и истријте го бакарното тенџере, сад, послужавник. Исплакнете го садот во топла вода и ќе биде како нов.

Отстранете ги непријатните мириси од пластичните кутии за складирање храна

Никој не е сосема сигурен зошто, но докажано е дека гужвањето на весник и ставање во пластични садови ќе ги отстрани непријатните мириси преку ноќ.

Само погрижете се потоа темелно да ги измиете вашите пластични кутии, бидејќи весниците оставаат траги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma