Кифлички со пиво (РЕЦЕПТ)

popara8 септември, 20221min00
Screenshot_3

Меки кифлички за целото семејство.

 

 

 

Состојки:

Тесто:

 

  • 1 кг глатко брашно
  • 2 кесички сув квасец
  • 500 мл топло млеко
  • 250 мл пиво
  • 4 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 100 гр растопен путер
  • 5 лажици масло

 

И уште…

 

  • 1 јајце
  • сусам, лен, афион, ким по желба

 

 

 

Подготовка:

 

Соединете ги сите состојки за тестото и излатете со миксер (спирални додатоци). Оставете го тестото на топло околу 60 минути.

 

Поделете го тестото на осум еднакви делови. Секој дел се витка во круг и се сече на осум триаголници. Обликувајте ги кифличките и ставете ги во голем плех обложен со хартија за печење – вкупно 64 кифлички.

 

Загрејте ја рерната на 200 степени. За тоа време кифличките премачкајте ги со изматено јајце, посипете со малку сол и семки по избор.

 

Печете околу 20 минути или додека не добијат убава боја.

 

Пријатно!