ЗАБОРАВЕТЕ НА НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС НА ТУТУН! Неутрализирајте го мирисот со помош на природни состојки!

popara8 септември, 20221min00
491622_stock-photo-close-up-of-a-cigarette-and-wooden-blocks-showing-stop-word-on-desk-792862789_f

Чадот од тутун мириса непријатно и навлегува во секоја пора од вашиот дом. Сепак, искусните домаќинки споделија трикови кои можете да ги искористите доколку сакате да се ослободите од непријатностите

Оцетот го апсорбира мирисот

Практиката покажува дека оцетот е едно од подобрите решенија кога станува збор за отстранување на непријатниот мирис од тутунот, кој се вовлекол во секој агол од собата. Имено, во сад треба да истурите оцет и да го оставите во просторијата што сакате да ја освежите. Можеби на почетокот ова ви изгледа парадоксално, бидејќи оцетот, особено кога ќе го истурите во големи количини и ќе го оставите во отворен сад, во никој случај не е нешто што благотворно ќе влијае на вашето сетило за мирис. Сепак, тој е многу ефикасен кога станува збор за апсорпција на чад. Ова треба да се направи брзо откако ќе се зачади просторијата бидејќи оцетот, пред сè, ќе го „собере“ чадот и на тој начин ќе го намали количеството чад што ќе навлезе во мебелот.

Раствор на сода бикарбона

Чадот од цигарите останува во завесите, мебелот, па дури и теписите долго време. Обидете се да посипете малку сода бикарбона на тепихот, софата и завесите навечер пред да легнете, а потоа наутро исчистете ја целата соба со правосмукалка. Веднаш ќе ја почувствувате промената во мирисот на вашиот дом.

Активен јаглен како брзо решение

Прочистениот активен јаглен од растително потекло е способен да апсорбира супстанции кои носат непожелни ароми и непријатни мириси на храна, пијалоци и тутун. Ставете парчиња активен јаглен во неколку мали контејнери и распоредете ги низ станот. Внимавајте само садовите да се чуваат подалеку од дофат на деца или домашни миленици