По долготрајна употреба, кујнските крпи почнуваат да губат боја и често се полни со дамки кои тешко се отстрануваат.
Меѓутоа, доколку сепак не сакате да ги фрлите, постои едноставен трик со кој крпите ќе ги направите речиси исто толку добри како нови.
Состојки:
големо тенџере со вода (10 l)
две лажици сончогледово масло
четири лажици белило
половина чаша од кој било прашок за перење
Постапка:
Загрејте тенџере со вода да зоврие. Исклучете. Додадете сончогледово масло во водата. Потоа додадете белило и прашок за перење.
Измешајте ги сите состојки и ставете ги крпите во тој раствор. Покријте го садот. Оставете ја водата да се излади.
Потоа можете да ги извадите и измиете крпите, но уште подобро ќе биде да ги натопите во чиста вода и да ги оставите да отстојат неколку часа.
Резултатот ќе ве воодушеви!
Дури и тврдоглавите, стари дамки ќе исчезнат. Овој метод е особено добар бидејќи ја отстранува нечистотијата без да ги врие.