Започна сезоната на приготвување на зимница која е незамислива без вкусни и миризливи пиперки, особено печени и ајвар. Сепак, она со што се борат многу домаќинки е лупењето на печените пиперки.
Иако печената пиперка има мека текстура, нејзината кора е тврда и цврста, па не придонесува за вкусот или изгледот на јадењето што го подготвувате.
За среќа, постои трик и за овој проблем, со кој можете да излупите пиперки во само неколку чекори.
Кога ќе ги испечете пиперките, веднаш ставете ги во пластична кеса и оставете ги да одморат 30 минути. Совет е да се стави крпа преку кесичката за дополнително да се попарат пиперките.
По 30 минути отворете ја кесата и посипете ги пиперките со малку сол, па повторно оставете ги во неа додека целосно не се изладат.
Кога ќе се оладат, извадете ги пиперките и почнете да ја лупите кожата со прстите. Ќе можете да ги одлепите со само неколку потези.