Леонардо Дикаприо фрли око на Џиџи Хадид: „Лео ја посакува, но Џиџи не сака ништо романтично“

popara9 септември, 20221min00
leonardo-dicaprio-gigi-hadid-830x0

Откако ја прекина четиригодишната врска со 25-годишниот модел Камила Мороне, на интернет почнаа да кружат гласини дека популарниот холивудски актер Леонардо ди Каприо (47) се гледа со 27-годишната манекенка Џиџи Хадид.

– Лео е фокусиран на Џиџи, но таа досега не покажала никаков интерес за него. Тие се пријатели и Џиџи не сака ништо романтично со него – рекол близок извор, пишува Дејли Мејл.

InTouch минатата недела објави дека Лео и Џиџи завршиле заедно неколку пати ова лето, но никој не ги потврди или негираше наводите.

– Се познаваат неколку години. Тие се многу привлечени еден кон друг. Таа е токму негов тип: убава, но скромна – изјавил друг извор.

Според странските медиуми, во последните неколку години двајцата се движеле во прилично слични социјални кругови, а уште во декември 2019 година, американски весник објави дека Лео и Џиџи се забавувале заедно на Арт Базел Мајами после забава заедно со Кендал Џенер и сестрата на Џиџи, Бела, Хадид.

Да потсетиме, Леонардо ја раскина врската со Камила дури неодамна и веќе е „фатен“ со својата нова девојка, Украинката Марија Берегова (22). Девојката очекувано е помлада од 25 години и беше во брак со Ахмед Масуд Абделхафиде (30). Инаку, таа е внука на министерот за внатрешни работи и лојална слуга на Моамер Гадафи.

Џиџи Хадид на крајот на минатата година ја прекина врската со пејачот Зејн Малик, а заедно ја имаат едногодишната ќерка Кај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma