Каладонтот може да го ублажи чешањето по каснување од инсекти или да го врати стариот сјај на среброто
Понекогаш многу корисни работи се кријат на сосема неочекувани места.
А најдобар пример е пастата за заби која можете да ја користите на многу начини во домот и надвор од него.
Исчистете ги патиките
Ако вашите бели патики веќе не се толку бели, добро истријте ги со паста за заби и оставете ги неколку минути. Потоа исплакнете ги и тоа е тоа. Внатрешноста пред миење можете да ја истриете со паста, бидејќи ќе мириса подолго.
Полирање на среброто
Производите од сребро често ја менуваат бојата. За отстранување на дамките, освен сода бикарбона, добро ќе делува и пастата за заби. Само добро втријте ја до посакуваниот сјај!
Избелете ги белите дирки од клавирот
Не е убаво да се видат жолти дирки од пијано. Ќе им ја вратите белината и сјајот со крпа и калодонт.
Маска и очила за нуркање
Внатрешноста на маската истријте ја со паста за заби за да спречите замаглување.
Мастило и боја на ткаенина
Ако сте истуриле боја или мастило на ткаенината, прво исчистете ја дамката со паста за заби, а потоа измијте ја.
Убод од инсекти
Ставете малку паста за заби околу местото на убодот и црвенилото и чешањето ќе исчезнат.
Оштетено ЦД
Нанесете малку паста за заби на погодените места и продолжете да уживате во музиката или филмот.
Изгребан автомобил
Нанесете паста за заби на гребаницата и оставете ја да отстои некое време. На крај убаво исполирајте.